СПОРТСКА АКАДЕМИЈА Битола расадник на таленти

Дали во нашата држава, децата со талент за спорт, имаат услови за соодветна едукација и поддршка

Спортската Академија во Битола,насока фудбал,  работи со оптимални услови и стручен кадар. Во изминатите седум години успешна работа,  две генерации на матуранти се стекнаа со гимназиско образование.

 

„Големо внимание се посветува на практичната настава. Еден училишен ден започнува со теоретска образовна настава , а попладне продолжуваат со практична настава т.е. тренинзи. Учениците имаат организиран превоз до спортските терени, а со секој упис добиваат комплетна опрема за работа, обезбедена од ФФМ. Практичната настава ја изведуваат лиценцирани тренери од Фудбалската Федерација на Македонија. Учениците ги имаат сите потребни услови да напредуваат, а со постигнат успех 4.0  добиваат и стипендија. Овие ученици се привилегирани , тие се наши идни репрезентативци и спортски амбасадори“, вели  професор Гаштаров Лазе, ментор во Спортската Академија во Битола.

Во државата има осум вакви спортски академии, во Битола се запишуваат деца од регионот и  пошироко. Учениците одигруваат натпревари со другите академии, а редовно секој викенд имаат натпревари во клубовите  за кои што играат. Во текот на учебната година стекнуваат искуство и со практична настава,  учениците одржуваат часови по фудбал во Основните Училишта.

Нивното напредување будно се следи од стручниот тим составен од : Лазе Гаштаров, Ѓоко Илијовски, Димитар Капинковски, Игор Стојковски, Васко Стојчевски, Коруновски Пеце и др.

Спортската Академија поддржува и спортски манифестации, а за време на детската ТРКА НА РАДОСТА 2019  покажаа голема одговорности  професионализам.

 

To Top