Што јадат децата за ужинка

Дали знаеме што јадат децата за ужинка?

Направена е анкета на група деца во основните училишта, а резултатите се очекувани – 54% деца не појадуваат дома, 50% од децата првиот оброк им е во пекара, а само 4% од децата за ужинка јадат овошје.

Голема одговорност за стекнување здрави навики имаат родителите.

Нутриционистите велат дека последица на лошата исхрана  е  дебелината, бледи и слабокрвни деца, хиперактивност поради голема количина на  јагленохидрати.

На новите генерации, трите оброци дневно им се во пекара, пијат газирани напитоци, слатки шејкови, а ретко конзумираат нешто хранливо како јогурт или кисело млеко.

 

Незаменливите –  јајцето од потполошка е супер храна на 21 век

 

Нутриционистите советуваат „Нутритивните вредности се хранливи вредности, што значи, треба да се јаде храна, која ќе го храни организмот, а не да ги троши неговите резерви! Размислете за ова! Сите пекарски производи се прават од брашно, шеќери, маснотии, сол и вода. Тие содржат калории а не витамини, минерали, антиоксиданси, неопходни за здрав развој, што е уште полошо, тие ги земаат од организмот минералите, витамините, калциумот од забите, коските и железото.

За учениците појадокот е особено важен

Појадокот е  од пресудно значење за пополнување на резервите на мозокот со глукоза, во тоа се согласуваат сите нутриционисти. Децата се физички активни, интензивно растат и  ментално се ангажирани во текот на училиштето.

Што треба да појадуваат децата кои се во раст

Важно е да се нагласи дека печивата од бело брашно  имаат многу малку хранливи вредности за разлика од целото зрно на житарките. Затоа, препораката е, кога се јадат печива, истите да бидат од интегрално брашно.

Појадокот дома е незаменлив, а со добра организација, може брзо да му се подготви на детето појадок и ужинка, која ќе ја земе со себе на училиште.

Оброкот треба да содржи малку леб или печиво, млечни производи, јајце(особено јајце од потполошка, затоа што тие се супер храна), може и квалитетно парче сувомеснат производ, зеленчук и овошје. На пример – сендвич премачкан со сирење, кајмак или путер, шунка или варено јајце, лист зелена салата или друг зеленчук. Покрај сендвичот, да има јогурт, кисело млеко, млеко или цеден сок од свежо овошје. Ако понекогаш и не се подготви појадок, може да се купи печиво кое ќе се јади во комбинација со кисело млеко или јогурт и обавезно попатно да се купи овошје!“, додаваат нутриционистите,„ А доколку појадокот е послаб, тогаш тоа може да се надополни во другиот дел од денот со варен оброк од месо и зеленчук“.

 

Додека на нашите деца оброкот им е  пица или хамбургер, еве што јадат децата ширум светот

 

 

 

To Top